
Врати се
ПАСТРАМАЈЛИЈА
Време на подготовка: 50 минути + време за маринирање + време на нараснување на тестото – Порција за: 4 лица – Тежина: средна

Состојки
- 500 gr свинско месо
- 1 лажичка Вегета
- Сол
- Малку Вегета Маестро црн пипер
- 1 лажица Вегета Маестро слатка мелена црвена пиперка
- 70 gr свинска маст
- 600 gr Меко брашно
- 1 лажичка Долчела инстант сув квасец
- 1 лажичка Долчела прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2-3 лажици масло
- Околу 370 ml вода
Подготовка
-
Месото се сече на коцки, се додава Вегета, сол, па се додава свежо мелен црн пипер и црвен пипер. Добро измешајте и оставете да отстои неколку часа или преку ноќ во фрижидер.
-
Во брашното додадете го квасецот, прашокот за пециво, солта, шеќерот, маслото и топлата вода. Замесете средно меко тесто. Оставете го покриено да нарасне на топло место 1 час додека волуменот не се удвои.
-
Повторно замесете го тесто и оставете го да се одмори 20 минути.
-
Одмореното тесто поделете го на 4 дела и од секој дел обликувајте топче.
-
Обликувајте го секое топче во долгнавеста форма со рацете и потоа притиснете во средина на тестото со прстите за да создадете раб.
-
Ставете го тестото на голем плех покриен со хартија за печење.
-
Премачкајте го зачинетото месо врз тестото, а со лажица намачкајте ја маснотијата врз месото.
-
Печете ги пастрмалиите во загреана рерна на 230°C 7 минути, а потоа намалете ја температурата на рерната на 200°C и печете уште околу 15 минути во зависност од рерната.
-
Задолжително послужете ги со лути пиперки, кромид и секако добро вино.
Совет
Кога ќе ги ги извадите пастрмалиите од рерна, покријте ги со хартија за печење, а преку неа ставете кујнска крпа. Оставете ги кратко да одморат и да станат меки.
Наместо маснотии, можете да користите путер или маргарин.
По желба, кон крајот на печењето ставете јајце на пастрмајлијата или посипете со исечкан млад кромид.