Podravka srce
Ikona lijevo

Врати се

МУСАКА

Време на подготовка: 80 минути – Порција за: 4 лица – Тежина: лесно

МУСАКА

Состојки

  • 1 kg компири
  • 500 gr мелено месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 кромид
  • 1 лажичка Вегета
  • Вегета Маестро мелен црн пипер
  • ½ лажичка Вегета Маестро оригано
  • Сол по потреба
  • 2-3 јајца
  • 250 ml млеко
  • Малку сол
  • Неколку лажици рендан кашкавал

Подготовка

  1. Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња дебели ½ сантиметар.

  2. Кромидот ситно се сечка и се пржи кратко во врело масло.

  3. Додадете го меленото месо и пржете, повремено со мешање се додека не порумени.

  4. Додадете Вегета, црн пипер и оригано. Посолете по потреба и кратко пропржете.

  5. Во подмачкан сад за печење наредете ред компири и малку посолете ги. Врз нив ставете го испрженото мелено месо и рамномерно распоредете го. Врз месото ставете уште еден ред компири и посипете со малку сол.

  6. Прелијте со 125 ml вода, ставете го садот во рерна загреана на 180°C и печете околу 15 минути.

  7. Во меѓувреме, јајцата се матат, се додаваат сол и млеко.

  8. Со подготвените јајца прелијте ја мусаката, посипете со рендан кашкавал и продолжете со печењето околу 45 минути.

  9. Послужете ја мусаката топла со салата по ваш избор.

Совет

Чувајте ги исечените компири во вода за да не потемнат.