Podravka srce
Ikona lijevo

Врати се

МАКЕДОНСКО МАКАЛО

Време на подготовка: околу 85 минути – Тежина: лесно

МАКЕДОНСКО МАКАЛО

Состојки

  • 8 мали рог пиперки (црвена или млада зелена)
  • 1-2 лути пиперки
  • 1 главица лук (околу 10 чешниња лук)
  • 5-10 лажици маслиново масло
  • Сол
  • Малку Вегета Маестро мелен црн пипер
  • 1 лажица оцет

Подготовка

  1. Сите пиперки ставете ги на плех покриен со хартија за печење.

  2. Печете ги во загреана рерна на 220°C околу 45 минути додека не добијат убава боја.

  3. Печените пиперки ставете ги во кеса да отстојат 30 минути пред да ги излупите. На овој начин ќе ви биде многу полесно да ја олупите кората од печените пиперки.

  4. Лукот ситно исечкајте го. Ставете го во аван и убаво издробете го.

  5. Во лукот додадете ја излупената и ситно исечкана пиперка и со додавање масло иситнете сè во кашеста, паста смеса. Потоа додадете сол, црн пипер, оцет и измешајте.

  6. Послужете го Макалото со јадења на скара, бел потпечен леб, младо овчо сирење, шопска и/или други салати.

Совет

Кога го ситните лукот, можете да додадете 1 лажица вода за полесно да се иситни.