
Врати се
ТАВЧЕ ГРАВЧЕ
Време на подготовка: 2 и пол часа + време на киснење на гравот – Порција за: 4-6 лица – Тежина: лесно

Состојки
- 500 gr бел грав
- 1-2 главици кромид
- 3 лажици масло
- 2-3 лажички Вегета Маестро зачинска слатка црвена пиперка
- 2 лажички Вегета
- Вегета Маестро мелен црн пипер
- Малку нане
Подготовка
-
Исчистете го, измијте го и потопете го гравот во ладна вода да набабри, барем неколку часа или по можност преку ноќ.
-
Гравот измијте го, ставете го во тенџере и покријте го со нова вода.
-
Загрејте на средна температура додека не зоврие.
-
Неколку минути откако ќе зоврие гравот, исцедете ја и фрлете ја водата во која се варел, а гравот прелијте го со нова вода.
-
Додадете ситно сечкан кромид и варете заедно додека гравот целосно не омекне.
-
Во поголема тава загрејте го маслото, додадете ја зачинската пиперката, а потоа и исцедениот грав.
-
Посипете со Вегета, црн пипер, додадете нане и прелијте со малку вода во која се варел гравот. Пропржете кратко да се соединат состојките.
-
Содржината од тавата истурете ја во глинен или керамички сад во кој ќе го печете гравот.
-
Ставете го садот во рерна загреана на 230°C и печете кратко додека не се формира тенка кора (околу 15 минути).
-
Послужете го запеченото тавче гравче со печење или со зелена салата.
Совет
Кога ги додавате зачините во гравот, можете дел да ги здробите со цел состојките да се спојат подобро.