Podravka srce
Ikona lijevo

Врати се

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ

Време на подготовка: 2 и пол часа + време на киснење на гравот – Порција за: 4-6 лица – Тежина: лесно

ТАВЧЕ ГРАВЧЕ

Состојки

  • 500 gr бел грав
  • 1-2 главици кромид
  • 3 лажици масло
  • 2-3 лажички Вегета Маестро зачинска слатка црвена пиперка
  • 2 лажички Вегета
  • Вегета Маестро мелен црн пипер
  • Малку нане

Подготовка

  1. Исчистете го, измијте го и потопете го гравот во ладна вода да набабри, барем неколку часа или по можност преку ноќ.

  2. Гравот измијте го, ставете го во тенџере и покријте го со нова вода.

  3. Загрејте на средна температура додека не зоврие.

  4. Неколку минути откако ќе зоврие гравот, исцедете ја и фрлете ја водата во која се варел, а гравот прелијте го со нова вода.

  5. Додадете ситно сечкан кромид и варете заедно додека гравот целосно не омекне.

  6. Во поголема тава загрејте го маслото, додадете ја зачинската пиперката, а потоа и исцедениот грав.

  7. Посипете со Вегета, црн пипер, додадете нане и прелијте со малку вода во која се варел гравот. Пропржете кратко да се соединат состојките.

  8. Содржината од тавата истурете ја во глинен или керамички сад во кој ќе го печете гравот.

  9. Ставете го садот во рерна загреана на 230°C и печете кратко додека не се формира тенка кора (околу 15 минути).

  10. Послужете го запеченото тавче гравче со печење или со зелена салата.

Совет

Кога ги додавате зачините во гравот, можете дел да ги здробите со цел состојките да се спојат подобро.