
Состојки
- 1 kg компири
- 500 gr мелено месо
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид
- 1 лажичка Вегета
- Вегета Маестро мелен црн пипер
- ½ лажичка Вегета Маестро оригано
- Сол по потреба
- 2-3 јајца
- 250 ml млеко
- Малку сол
- Неколку лажици рендан кашкавал
Подготовка
-
Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња дебели ½ сантиметар.
-
Кромидот ситно се сечка и се пржи кратко во врело масло.
-
Додадете го меленото месо и пржете, повремено со мешање се додека не порумени.
-
Додадете Вегета, црн пипер и оригано. Посолете по потреба и кратко пропржете.
-
Во подмачкан сад за печење наредете ред компири и малку посолете ги. Врз нив ставете го испрженото мелено месо и рамномерно распоредете го. Врз месото ставете уште еден ред компири и посипете со малку сол.
-
Прелијте со 125 ml вода, ставете го садот во рерна загреана на 180°C и печете околу 15 минути.
-
Во меѓувреме, јајцата се матат, се додаваат сол и млеко.
-
Со подготвените јајца прелијте ја мусаката, посипете со рендан кашкавал и продолжете со печењето околу 45 минути.
-
Послужете ја мусаката топла со салата по ваш избор.
Совет
Чувајте ги исечените компири во вода за да не потемнат.