
Состојки
- 8 мали рог пиперки (црвена или млада зелена)
- 1-2 лути пиперки
- 1 главица лук (околу 10 чешниња лук)
- 5-10 лажици маслиново масло
- Сол
- Малку Вегета Маестро мелен црн пипер
- 1 лажица оцет
Подготовка
-
Сите пиперки ставете ги на плех покриен со хартија за печење.
-
Печете ги во загреана рерна на 220°C околу 45 минути додека не добијат убава боја.
-
Печените пиперки ставете ги во кеса да отстојат 30 минути пред да ги излупите. На овој начин ќе ви биде многу полесно да ја олупите кората од печените пиперки.
-
Лукот ситно исечкајте го. Ставете го во аван и убаво издробете го.
-
Во лукот додадете ја излупената и ситно исечкана пиперка и со додавање масло иситнете сè во кашеста, паста смеса. Потоа додадете сол, црн пипер, оцет и измешајте.
-
Послужете го Макалото со јадења на скара, бел потпечен леб, младо овчо сирење, шопска и/или други салати.
Совет
Кога го ситните лукот, можете да додадете 1 лажица вода за полесно да се иситни.