Podravka srce
Ikona lijevo

Врати се

ПАСТРАМАЈЛИЈА

Време на подготовка: 50 минути + време за маринирање + време на нараснување на тестото – Порција за: 4 лица – Тежина: средна

ПАСТРАМАЈЛИЈА

Состојки

  • 500 gr свинско месо
  • 1 лажичка Вегета
  • Сол
  • Малку Вегета Маестро црн пипер
  • 1 лажица Вегета Маестро слатка мелена црвена пиперка
  • 70 gr свинска маст
  • 600 gr Меко брашно
  • 1 лажичка Долчела инстант сув квасец
  • 1 лажичка Долчела прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2-3 лажици масло
  • Околу 370 ml вода

Подготовка

  1. Месото се сече на коцки, се додава Вегета, сол, па се додава свежо мелен црн пипер и црвен пипер. Добро измешајте и оставете да отстои неколку часа или преку ноќ во фрижидер.

  2. Во брашното додадете го квасецот, прашокот за пециво, солта, шеќерот, маслото и топлата вода. Замесете средно меко тесто. Оставете го покриено да нарасне на топло место 1 час додека волуменот не се удвои.

  3. Повторно замесете го тесто и оставете го да се одмори 20 минути.

  4. Одмореното тесто поделете го на 4 дела и од секој дел обликувајте топче.

  5. Обликувајте го секое топче во долгнавеста форма со рацете и потоа притиснете во средина на тестото со прстите за да создадете раб.

  6. Ставете го тестото на голем плех покриен со хартија за печење.

  7. Премачкајте го зачинетото месо врз тестото, а со лажица намачкајте ја маснотијата врз месото.

  8. Печете ги пастрмалиите во загреана рерна на 230°C 7 минути, а потоа намалете ја температурата на рерната на 200°C и печете уште околу 15 минути во зависност од рерната.

  9. Задолжително послужете ги со лути пиперки, кромид и секако добро вино.

Совет

Кога ќе ги ги извадите пастрмалиите од рерна, покријте ги со хартија за печење, а преку неа ставете кујнска крпа. Оставете ги кратко да одморат и да станат меки.

Наместо маснотии, можете да користите путер или маргарин.

По желба, кон крајот на печењето ставете јајце на пастрмајлијата или посипете со исечкан млад кромид.